Онана се враќа на голот на Камерун: Љубовта кон татковината е непроценлива

Андре Онана повторно ќе го облече дресот на репрезентацијата на Камерун. Голманот на Манчестер Јунајтед стави крај на репрезентативната кариера по крајот на Светското првенство во Катар, но љубовта кон татковината ќе го врати назад помеѓу стативите.

Својот став 27-годишниот голман го објави на социјалните мрежи.

„Во светот на фудбалот исто како и во животот се случуваат одлучни моменти кои бараат клучна одлука. Последните месеци бев соочен со разни неправди. Меѓутоа, мојата љубов кон татковината, кон Камерун е поголема. Мојата желба да ја претставувам својата земја никогаш не згасна. Одлучив да се појавам на повикот на својата нација. Ова е време да се соединиме, да работиме во хармонија за нашето заедничко добро, а тоа е Камерун“, објави Онана.

Камерун на 12. септември ќе се сретне со Бурунди во квалификациите за Афричкиот куп.

Се вчитува...