Рамос: Имав долг кон мојот татко, кон мојот дедо, кон навивачите на Севилја

Серхио Рамос по 18 години се врати назад во Севилја од каде ја започна блескавата кариера која му донесе 22 трофеи во Реал Мадрид од кои четири во Лигата на Шампионите.

Шпанецот на масата имаше богати понуди од Саудиска Арабија, Турција и Соединентите американски држави, но се одлучи да ја стави љубовта пред парите и во клубот од детството ќе игра симболична сума на пари.

„Многу сум емотивен ова е специјален ден за мене, се враќам во мојот дом. Со месеци го чекав ова, но на крајот успеавме. Не сакав да одам на ниту едно друго место, сакав да се вратам само дома. Имав долг кон мојот татко, кон мојот дедо, кон навивачите на Севилја и кон Антонио Пуерта кој секогаш остана дел од мене. Ова беше вистинскиот момент за враќање“, изјави Рамос.

Се вчитува...