Првиот човек на Наполи: За 200 милиони евра може да купите само една нога на Осимен

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис нема намера да го продаде еден од своите најдобри фудбалери, Виктор Осимен. Тоа го потврди одбивајќи за новата понуда на Ал Хилал вредна 200 милиони евра.

Седумдесетичетиригодишниот Италијанец одговорил во својот сил, открива францускиот медиум „Л’Екип“.

„За 200 милиони евра, можете да купите само една нога на Осимен. Идната година, мислам дека треба да понудите 500 милиони евра. Тогаш можеби ќе ја разгледаме вашата понуда. И ќе повторам, можеби ќе ја разгледаме“, одговорил Де Лаурентис.

Се вчитува...