Арсенал го испраќа најголемото промашување во Турција

Николас Пепе кариерта ќе ја продолжи во турското првенство каде наскоро се очекува да биде претставен како нов фудбалер на Бешикташ, пренесуваат англиските медиуми.

Сега 28-годишниот Французин го засили лондонскиот премиерлигаш во 2019 година од Лил во трансфер вреден 80 милиони евра, но никогаш не ги исполни очекувањата и го доби епитетот најголемо промашување во историјата на клубот.

Интересно, Пепе до ова лето и трансферот на Деклан Рајс од Вест Хем беше најскапиот трансфер во историјата на Арсенал.

Се вчитува...