Македонската одбојкарска репрезенација и дефинитивно ќе се најде во осминафиналето на Европското првенство по денешниот натпревар на Чешка и Црна Гора во кој Чесите издвојуваа убедлива победа од 3-0.
Доминантниот чешки тим првиот сет го доби со 25-18 и го назначи патот до новите три бода. Црногорците се покажаа во подобро светло во вториот сет, но мораа да се задоволат со само 20 постигнати поени за Чешка да ја потврди победата со одлична игра во третиот сет за 25-15.
Како потсетување Македонија утре од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ силите ќе си ги одмери со Холандија во натпревар кој нема да има големо резултатско значење, но ќе биде добра шанса за докажување против силен противник и воедно шанса за подобар пласман на табелата пред предизвикот во разигрувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА