Алкараз експресно до четвртфинале на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако без потешкотии ја потврди фаворитската улога и славеше со 3-0 против Матео Арналди.

Алкараз првите два сета против Италијанецот ги доби со 6-3, а во третиот славеше со 6-4 со што го осигура своето место меѓу најдобрите осум.

Во следната фаза го очекува меч против подобриот од средбата помеѓу Зверев и Синер.

Се вчитува...