Зверев го доби маратонот со Синер, победа и за Медведев

Германецот Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на УС опен, откако во најдраматичниот осминафинален натпревар кој траеше скоро пет часа славеше со 3-2 (6-4, 3-6, 6-2, 4-6 и 6-3) против Италијанецот, Јаник Синер.

Во четвртфиналето Зверев за противник ќе го има првиот тенисер во светот и бранител на титулата во Њујорк, Карлос Алкараз.

Данил Медведев исто така се пласираше во четвртфиналето откако славеше над Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 (2-6, 6-4, 6-1 и 6-2). Во четвртфиналето ќе игра против сонародникот Андреј Рубљов.

Кај дамите пласман во четвртфиналето без поголеми проблеми оствари Белорусинката, Арина Сабалјенка која славеше над Русинката Дарија Касаткина со 2-0 (6-1 и 6-3).

Се вчитува...