На темата непосакуваниот бакнеж, кој донекаде го засени големиот успех на шпанската женска фудбалска репрезентација, која на крајот на август стана светски првак зборуваа и колегите од машката репрезентација на Шпанија. Шпанските репрезентативци ја осудија постапката на претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес и неговото однесување го оценија како „неприфатливо“.
Шпанските репрезентативцисе собраа на квалификациските натпревари за ЕП и го кажаа својот став за случајот кој веќе две недели е главна тема во светот. Фудбалерите го изразија „своето жалење и солидарност со фудбалерките чиј успех е оцрнет“.
„Жалиме за неприфатливото однесување на г-дин Рубиалес, кој не ја оправда застапеноста на институцијата што ја предводи. Ние цврсто и недвосмислено стоиме зад сите вредности што ги претставува нашиот спорт. Шпанскиот фудбал мора да биде сила што претставува почит, инспирација, вклученост и различност и мора да го покаже патот и да биде пример за правилно однесување и на теренот и надвор од него“, рече Алваро Мората во изјавата што ја прочита во име на целата репрезентација.
Минатата недела селекторот на шпанската машка репрезентација Луис де ла Фуенте побара прошка бидејќи уште во првиот момент му аплаудираше на Рубијалес и го поддржа во неговата строга намера да не поднесе оставка од функцијата и во најавите дека ќе поднесе тужба против Џенифер Хермосо. Селекторот на „Црвената фурија“ додаде дека нема да поднесе оставка.
Самиот Рубиалес во петокот изјави дека погрешил, но дека нема да се откаже да се брани себеси и желбата да ја докаже вистината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

