Официјално: Инзаги потпиша нов договор со Интер

Симоне Инзаги и официјално потпиша нов договор со Интер, со важност до јуни 2025 година како награда за извонредниот финиш на ланската, но и почетокот на новата сезона. Актуелниот договор му истекуваше на крајот од оваа сезона, но „нероаѕурите“ постигнаа договор за да го задржат одличниот стратег

За потсетување, Инзаги лани беше многу блиску до отказ по серијата слаби резултати што значеше и губење на трката за скудетото. Управата на клубот сепак му укажа доверба, а Инзаги возврати на вистински начин, стигнувајќи до второто место на табелата, но и што е уште поважно – до финалето во Лигата на Шампионите.

Преговорите за нов договор почнаа летово, а официјално беа финализирани денеска, со потписот на договорот до 2025, со кој шефот на стручниот штаб ќе има загарантирана плата од 5,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...