Петрушев еуфоричен: Злато, зошто да не… па ја елиминиравме репрезентацијата што ги победи Американците

Србија со најдобриот настап на овој светски шампионат ја декласираше Литванија, пласирајќи се во полуфиналето од Мундобаскет 2023, доволно за да се создаде еуфорија меѓу избраниците на Светислав Пешиќ.

Филип Петрушев одигра маестрално, псотигнувајќи 17 поени и шест скока влегувајќи од клупата за резерви, покажувајќи дека може да даде значаен придонес откако ги надмина проблемите со повредата.

„Се повредив на првиот меч и се уште не сум стопроцентен од физички аспект. Среќен сум што денеска можев да му помогнам на Никола Милутинов. Тој заврши извонредна работа чувајќи го Валанчиунас во одбраната. За мене тоа беше шанса повеќе, пред се во нападот, да дадам свој придонес и пресреќен сум што одговорив на најдобар можен начин“, изјави Петрушев.

Новиот играч на Филаделфија не крие дека со своите соиграчи е подготвен да го нападне и златниот медал на овој светски шампионат.

„Одиме до крај, зошто да не, особено по победа како денешната, па лесно ја совладавме селекцијата што ги победи Американците. Секако, ќе биде тешко, но ваквите победи ни даваат самодоверба дека можеме и до златен медал“, истакна доскорешниот кошаркар на Црвена Звезда.

Се вчитува...