Одбојкарската репрезентација на Македонија го зауби и вториот натпревар на Европското првенство откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Холандија беше подобра со максимални 3-0 (19-25, 19-25 и 16-25). Како една од причините за убедливиот пораз на Холандија беше и отсуството на нашиот најдобар одбојкар и капитен, Никола Ѓоргиев.
И покрај отсуството на капитенот Ѓоргиев, нашите репрезентативци одлично му парираа на големиот фаворит на стартот од натпреварот (10-10). Следеше мал пад на избраниците на Јошко Миленковски, по кој Холанѓаните за првпат стигнаа до плус три (11-14). До крајот на сетот Абдел-Азиз со одлични сервиси ја заврши работата за водство на Холандија од 0-1 (19-25).
Каде што застанаа во првиот, таму продолжија во вториот сет Холанѓаните, па брзо стигнаа до позитива од огромни плус десет (10-20). На сцена стапи неверојатниот Александар Љафтов кој со неверојатна серија на одлични сервиси успеа да не приближи на само минус три (17-20). Сепак, оваа серија дојде прекасно, па Холанѓаните успеаја да го сопрат Љафтов, а со тоа и да стигнат до водство од 0-2 (19-25).
Во последниот сет Холандија само рутински ја заврши работата за конечен триумф од 0-3 (16-25). Александар Љафтов со 14 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај Холанѓаните повторно најдобар беше неверојатниот Нимир Абдел-Азиз кој заврши со 15 поени.
Утре нашата репрезентација ја очекува клучниот натпревар против Чешка во кој со победа ќе го освоиме третото место во нашата група и во осминафиналето ќе го избегнеме актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА