Селекторот на Словенија доби отказ по масовните обвиненија за сексизам и расизам

Фудбалскиот сојуз на Словенија му врачи отказ на селекторот на женската фудбалска селекција, Борут Јарц по масовните обвиненија од фудбалерките за сексизам, расизам и континуирано малтретирање од негова страна.

Фудбалскиот сојуз, по писмото од страна на репрезентативките минатата недела, најпрво застана на страна на Јарц но денеска попушти на притисоците и му врачи отказ.

Репрезентативките го обвинија селекторот и за сексистичко малтретирање поради што од сојузот мораа на крај да ја завршат соработката. Писмото го потпишаа буквално сите репрезентативки, меѓу кои и Лара Прашникар која игра за Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...