Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во групната фаза на Европското првенство. На натпреварот во Скопје „спартанците“ беа совладани од Холандија со 3-0 во натпревар во кој не настапи нашиот најдобар одбојкар, Никола Ѓорѓиев поради повреда.
Селекторот Јошко Миленкоски верува дека отсуството на капитенот не спречи да се покажеме во најдобро светло и на четвртиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“, но и покрај тоа додаде дека репрезентативците покажале добра игра.
„Ќе биде многу тешко против Чешка без Ѓорѓиев. И да игравме против Данска и Црна Гора повторно ќе беше претешко. Ние немаме долг ростер со многу алтернативи на клупа“, изјави Миленковски кој се осврна и на натпреварот против Холандија.
„Абдел-Азиз против нас играше три сета. Со сите други репрезентации беше на клупа. Тоа е најдобриот светски коректор. Не ја знам причината. Можеби се плашеа од нас? Одиграа со цела прва постава и правеа малку измени, помалку од било кој друг натпревар. Целта им беше да победат со 3-0 и го искористија тоа што не играше Никола.Игравме за прв пат со една постава со три примачи што е за нас ново и нешто што не го ни пробавме. Половина час пред натпреварот не знаевме дали ќе има шанси за настапи Никола, но тоа е што е. Битно е дека ја остваривме целата, пласманот е остварен па за понатаму ќе видиме. Денеска бевме добри, имавме добри моменти, имавме сиутации кога имавме добри напади, сервиси. Сепак ова е силна репрезентација и можеби и со Никола Ѓорѓиев на теренот ќе биде исто, но сигурно ќе имавме и повеќе шанси за победа. Едноставно таков хендикеп не можевме да надоместиме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА