Поцеко: Не заслуживме да играме со САД во четвртфиналето

Италијанската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од 100-63 од Соединетите американски држави во четвртфиналето на Светското првенство кое оваа година се одржува во Индонезија, Филипини и Јапонија.

Селекторот на „аѕурите“, Џанмарко Понцеко по натпреварот изјави дека Италија воопшто не требала да игра против САД бидејќи го освоија првото место во групата во која беше и нашиот сосед Србија.

„Бевме први во групата и не заслуживме да играме против САД во четвртфиналето, но тоа е спортот. Ги сакам сите мои играчи. Ги сакав и пред натпреварот, а сега ги сакам и почитувам уште повеќе. Моите играчи не требаа да бидат тука, но ете сепак беа. Па ние сме меѓу најдобрите осум репрезентации на светот“, изјави Поцеко.

Се вчитува...