Најлудата приказна во преодниот рок: Смени четири клуба, и повторно е слободен

Египетскиот фудбалер Амр Варда, е најлудото име во летниот преоден рок. Овој 29-годишен крилен фудбалер промени дури четири клуба, и повторно е слободен агент, и малку знае што се случува со него во овој момент.

Последен ангажман требаше да му биде Естегал од Иран. Се почна откако Варда го напушти Аполон од Лимасол, и потпиша за Раџа Казаблакнка од Мароко, но следуваше раскин на договорот, затоа што имал стомачни тегоби. Потоа се врати на Кипар и потпиша за Докса, но и тука не се задржа. Наводно клубот го избркал, откако се воспоставило дека неговиот агент сакал да изведе брза и лесна заработка.

Следуваше трансфер во Естегал во Техеран, и делуваше дека тоа ќе му биде клубот за идната сезона. Меѓутоа иранскиот тим издаде соопштение во кое известиле дека постигнале договор, но не дошол во Техеран.

Докса од Кипар наводно и му пратила авион за да дојде кај нив од Раџа. Наводно летот чинел 40.000 евра, и планирале да му одбијат од платата, која годишно би му била 110.000. Потоа се дознало дека претседателот на кипарскиот клуб му е агент, и сакал да плати се што бара играчот, па потоа да го продаде за 250.000 евра.

Газдата на Естегал потврдил дека бил постигнат договор, но играчот не се појавил во Техеран. Според последните информации, тој бил уапсен на аеродром и бил депортиран во Египет.

„Пред неколку дена од кипарскиот клуб ни пишаа дека е уапсен на аеродром, додека некои кажуваат дека бил депортиран. Немам никакви информации што се случува. Не знам дали ќе дојде воопшто. Тој е добар играч, но не знам каде го најде мојот број. Ми кажа дека бил во болница во Мароко и да му пратам 10.000 евра. Генерално не е нормален играч, но добар“, пишува во објавата газдата на Естегал.

Се вчитува...