Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли наскоро ќе се сретне со агентот на фудбалерот Пол Погба, Рафаел Пимента за да разговараат за можни измени во неговиот договор, пишуваат италијанските медиуми.
Проблемите со повредите на Французинот и натаму се актуелни, откако екс играчот на Јунајтед заработи ситна повреда во победата над Емполи во неделата.
Сегашниот договор на играчот од средниот ред е со годишна плата од 8 милиони евра, и се очекува тие двајца да се сретнат во текот на паузата поради репрезентацијата и да разговараат за нова соработка, но со помали примања. Засега не се споменуваат суми на колку ќе биде новиот договор на Французинот.
Погба одигра само седум натпревари за Јувентус откако се врати пред една година од Јунајтед, и беше стартер само на еден меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

