Лејкерс доведе големо засилување за новата сезона

Лос Анџелес Лејкерс потпишаа двегодишен договор со Кристијан Вуд. Играчот кој треба да ја покрие центарската позиција ќе заработи 5,7 милиони долари.

Договорот е на една година, но со можност за продолжување за сезоната 2024/2025. Вуд ќе биде големо засилување за лејкерс во нивната борба за враќање на врвот на Западот, бидејќи тој е многу вешт играч кој внесува разноврсност во рекетот.

Доаѓањето на 28-годишниот Вуд значи дека Ентони Дејвис ќе има помала минутажа на центар следната сезона. Вуд минатата сезона имаше просек од 16 поени и 7,3 скока за Далас Маверикс.

Се вчитува...