Голманот на данската репрезентација Каспер Шмајхел е нов член на Андерлехт, објави на официјалната интернет страница најтрофејниот белгиски клуб.
Како што беше најавено, искусниот 36-годишен голман пристигна во Андерлехт како слободен играч по заминувањето од француска Ница и потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката до јуни 2025 година.
Шмајхел најголемиот дел од својата кариера, од 2011 до 2022 година, го помина во Лестер, со кој беше шампион на Англија во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

