Германија и со мизерниот Шредер успеа да ја победи Летонија

Германија е третиот полуфиналист на Светското првенство 2023 откако во драматичен натпревар со неизвесна завршница триумфираше со 81-79 против Летонија.

Во натпревар со лоша кошарка и многу грешки и на двете страни, главно се играше израмнето. Летонците одлично го почнаа мечот но Германија брзо се врати во игра па на полувремето замина и со предност од 36-34, иако имаше и негатива од 10 поени во првото полувреме.

Во вториот дел Германците, и покрај тоа што играа со мизерниот денеска Денис Шредер, ја презедоа контролата на играта па во последната четвртина дојдоа до предност и од 14 поени (74-60). Но Летонците со три едноподруго тројки се вратија во игра, и дојдоа до неизвесна завршница. Во последните пет секунди при 81-79, Летонија имаше и напад за победа, но се одлучија за шут за тројка место за положување и Германија отпатува во полуфиналето.

Германците дојдоа до триумфот и покрај повеќе од очајната игра на Шредер кој мечот го заврши со само 7 поени и шут од поле од неверојатни 3/24 од кои 0/10 за три поени. Имаше и четири загубени топки. Но, и покрај сето тоа. зачудувачка беше одлуката на германскиот селектор упорно да го држи во игра, давајќи му 31 минути игра, најмногу во германската селекција.

Најефикасен на крај кај Германците беше Вагнер со 16 поени, а кај Летонија Жагарс заврши со 24 поени, додека Бертанс постигна 20 поени.

Се вчитува...