Реакцијата на Порзингис сама говори за нереалниот обид кој ги остави Летонците без полуфинале (ВИДЕО)

Германија им се приклучи на Србија и Соединетите американски држави во полуфиналето на Светското првенство откако славеше во трилерот со Летонија со 81-79.

Германците имаа и двоцифрена позитива во последната четвртина, но на крајот стравуваа за победата откако последниот напад на средбата им припадна на Летонците. По промашувањето на Шредер шут за полуфинале имаше Бертанс, но поранешниот кошаркар на Партизан промаши во обидот за три поени од девет метри.

Камерите во арената ја уловија и реакцијата на Криштапс Порзингис, најдобриот летонски кошаркар кој не можеше да верува на каков начин се обиде неговиот сонародник да го реши победникот.

Се вчитува...