ЖФК Љуботен убедливо поразен од Аполон во квалификациите за ЛШ

Женскиот македонски фудбалски шампион, ЖФК Љуботен доживеа убедлив пораз од 9-0 од кипарски Аполон на квалификацискиот турнир за Лигата на Шампионите кој се игра во Мура, Словенија.

Кипарскиот тим поведе уште во 2. минута и потоа беше тотална доминација на теренот во однос на македонскиот шампион.

Во групата во која е Љуботен играат уште домаќинот Мура и ФЦ Самегрело во втората полуфинална пресметка. Љуботен, по денешниот пораз, во сабота ќе игра за третото место во квалификациската група.

Се вчитува...