Канада е во полуфиналето, Дончиќ ги загуби нервите

Канада е последниот полуфиналист на Мундобаскет 2023 откако оваа селекција лавеше во пресметката со Словенија со убедливи 100-89. Словенците успеаја да парираат во првиот дел, но во второто полувреме загубија здив, а канадските кошаркари знаеја да го искористат тоа и да стигнат до билет за полуфиналето, каде ги очекува пресметка со Србија. Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ, цел натпревар се жалеше на судискиот критериум, за што доби две технички грешки и беше исклучен во 34. минута од мечот.

Првото полувреме донесе максимално израмнета игра, во која ниту една од селекциите не успеа посериозно да се одлепи. Канаѓаните беа предводени од одличниот Гилџус Александер, додека Дончиќ успеа да го разигра остатокот од тимот на Словенија, шутот од далечина ги сложеше Словенците, па на одмор се замина со израмнети 50-50. Пресудни беа почетните пет минути од третата четвртина во кои Канада заигра подобра одбрана, Словенците постигнаа само пет поени, по што северноамериканската селекција конечно се одлепи стигнувајќи до двоцифрена позитива. Во таборот на Словенија ги загубија нервите жалејќи се на судискиот критериум, Дончиќ ја доби и втората техничка грешка и мораше да се упати кон соблекувалните, по што Канада рутински го приведе мечот до крај визирајќи си го пласманот во полуфиналето.

Дончиќ го заврши натпреварот со 26 поени и пет асистенции, Препелич постигна 22, а Драгиќ 10 поени за Словенија. На спротивната страна, најдобри поединци во победничката репрезентација беа Гилџус Александер со 31 поен и 10 скокови, Берет со 24 и Брукс со 14 поени.

Канада во полуфиналето ќе се сретне со селекцијата на Србија, додека во втората битка за место во финалето силите ќе ги одмерат Германија и САД.

Се вчитува...