Словенија не успеа да направи подвиг во пресметката со Канада и да се пласира во полуфиналето на Мундобаскет 2023 откако по слабото второ полувреме го загуби четвртфиналниот дуел со 100-89.
Словенците не успеаја да го издржат пеколното темпо, а во вториот дел ги стигна и нервозата, често протестираа на судиските одлуки, за што Лука Дончиќ беше и исклучен по двете добиени технички грешки.
„Разочарани сме што не успеавме да победиме. Овој беше тежок дуел, во првото полувреме целосно париравме, беше 50-50, но за жал не успеавме да издржиме да го одиграме цел меч во исто темпо. Влогот беше голем затоа и беше тензично на теренот, нормално е да се реагира емотивно кога се игра четвртфинале на Светско првенство. Жалиме што не победивме, но од друга страна сме горди на себе на се што прикажавме, на борбата и карактерот дури и на денешниот натпревар. Им честитам на Канаѓаните на денешната победа, но ние дефинитивно ќе навиваме за Србија во полуфиналето“, изјави Јака Блажич, еден од најискусните во словенечкиот табор, кој пред неколку години го носеше дресот на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

