Верати донесе одлука: Заминува од ПСЖ, но не во Саудиска Арабија

Марко Верати во следните 48 часа и официјално ќе го напушти ПСЖ откако италијанскиот интернационалец беше ставен во немилост на управата и на новиот тренер Луис Енрике.

„Светците“ го сместија Верати на листата на играчи кои мора да си заминат летово, и додека дел од нив веќе го напуштија клубот, Италијанецот размислуваше нешто подолго од останатите. Сепак, откако не влезе во игра на ниту еден меч од домашното првенство, а не беше ниту пријавен во списокот на играчи за ЛШ тој на крајот донесе одлука за иднината.

Верати си оди во ПСЖ, но не во Саудиска Арабија од каде што имаше бројни понуди, туку италијанскиот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Катар, поточно во екипата на Ал Араби. Интересно, станува збор за клуб со исти газди како и ПСЖ, па не е чудно што Катарците се согласија да платат 55 милиони евра на својата „филијала“ во Франција.

Како што е најавено, Верати најдоцна до утре ќе замине за Доха, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го потпише тригодишниот договор со новиот клуб.

Се вчитува...