Буфон во Скопје ќе дебитира во новата улога: Јасно е дека на првиот меч ќе има силна емоција

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, само неколку недели по пензионирањето, ќе има нова улога во италијанската репрезентација. Тој официјално ќе биде шеф на делегацијата на италијанската репрезентација, и своето „деби“ во новата улога ќе го има во Скопје, во дуелот со Македонија.

Буфон во Скопје тогаш со Италија победи, додека на реваншот во Торино беше 1-1. Буфон претходно во Скопје гостуваше со Парма против Победа, со што ова ќе му биде трето гостување во земјата, а прво откако се откажа од фудбалот.

„Првиот натпревар ќе го доживеам како и секогаш. Јасно е дека ќе има силна емоција, но кога бев на теренот е поинаку отколку сега кога сум само како гледадч. Се чувствувам многу добро во оваа нова улога, и ќе се обидам да направам многу добри работи“, изјави легендарниот италијански голман и додаде:

„Сега мојата улога е порелаксирана, но знам дека ќе имам обврски, па дури и ќе можам да делам совети согласно моето искуство. Она што ми се допаѓа е тоа што се враќам во средина која ја познавам веќе 30 години“, рече Буфон.

Се вчитува...