Словенија не успеа да се пласира меѓу најдобрите четири екипи на светот. На Светското првенство кое се одржува во Индонезија, Јапонија и Филипини Словенците беа сопрени во четвртфиналето од страна на Канада.
Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Лука Дончиќ кој доби две технички грешки поради приговор за недосудени лични грешки па по натпреварот даде и свој коментар на случувањето.
„Сите знаат од каде толкава нервоза. За репрезентацијата секогаш играм со многу емоции, но сега не успеав да се контролирам. Бевме блиску до медал… Морам да бидам подобар за екипата. Секогаш сакам да играм до смрт за својата држава и морам да бидам подобар. На судијата му кажав дека некои одлуки не беа фер. Играа толку грубо. Знам дека многу се жалам, но судењето не беше фер. На еден од нашите нашите играчи судиите му кажале дека не сакаат да свират прекршоци од Брукс бидејќи потоа многу им се жалел и вршел притисок… Тоа навистина не е фер… Дилон Брукс одигра одлично. Многу не го сакаат, но јас го почитувам“, изјави Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

