Одбојкарската репрезентација на Полска на перфектен начин со 5 од 5 го заврши настапот во групата Ц која се игра во Скопје, откако денеска во последното коло со максимални 3-0 (25-14, 25-11 и 25-12) славеше над Црна Гора и со тоа на одличен начин му го честиташе „50“ роденден на селекторот Никола Грбиќ пред нокаутфазата во Италија.
За разлика од вчерашниот меч против Данска, Полјаците денеска уште од самиот старт почнаа сконцентрирано што на крајот резултираше со освојување на првиот сет од 25-14. Полската машинерија продолжи да гази и во вториот сет кој го доби уште поубедливо (25-11). Во последниот сет избраниците на Никола Грбиќ рутински ја завршија работата добивајќи го со 25-12 и со максимален скор од 5 од 5 заминуваат за Италија каде ќе го нападнат континенталниот трон.
Во поделената минутажа на сите одбојкари, Лукаш Качмарек со 12 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Александар Миниќ заврши со 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА