Руи Коста: Не сум видел човек како Ди Марија, потпиша за Бенфика без да знае колкава плата ќе зема

Претседателот на Бенфика, Мануел Руи Коста, јавно го пофали Анхел ди Марија за неговото однесување во преговорите за камбек во Бенфика.

Аргентинецот летово стана слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, се најавуваше дека сигурно ќе се врати во татковината, но ситуацијата се промени кога Бенфика се вклучи во трката по негов ангажман. Руи Коста обелодени детали од преговорите и јасно покажа колкава била желбата на Ди Марија повторно да го облече дресот на Бенфика.

„Искрено, немам сретнато човек како Ди Марија, играч со толкава желба да настапува за Бенфика. Тој потпиша договор еден месец пред официјалната промоција. Престана да преговара со други клубови кога дозна дека ние сме заинтересирани. Се согласи да потпише без бонус за потпис што редовно го добиваат играчите кои доаѓаат без отштета, за плата со која нема да го наруши нашиот буџет. Дојде и ми рече: Сакам само да играм за Бенфика, без разлика каква плата ќе ми дадеш. Тој беше решен да дојде без да знае колкава плата ќе зема, кога му соопштив колку сме подготвени да му понудиме не побара ниту едно евро повеќе, само седна и го потпиша договорот. Навистина е неверојатен“, изјави Руи Коста.

Се вчитува...