Скопје „живееше елитна одбојка“, Македонија испиша историја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија изминатите десет дена беше во прв план во спортската јавност откако за првпат бевме домаќини на едно големо континентално првенство.

Скопје гледаше врвна одбојка, а Македонија испиша историја со двете победи над Данска и Црна Гора со кои за првпат се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри на стариот континент.

„Спартаницте“ сега патуваат во Бари каде треба да уживаат во мечот против актуелниот европски и светски шампион Италија.

 

Се вчитува...