Разочаран од поразот од Чешка, но пред се среќен поради пласманот на одбојкарската репрезентација во 1/8 финалето беше капитенот Никола Ѓоргиев, кој се врати за последниот дуел од групата после повредата поради која не играше на вчерашниот меч со Холандија.
Ѓоргиев кажа дека можеби клучен детал бил поенот во вториот сет на Чешка, односно неговата шанса да донесе поен за Македонија, и можност да се добие вториот сет за 1-1.
„Подобро сум, иако не сум уште 100% подготвен. Во вториот сет на крајот имав јас шанса, бев подготвен да славам, паралелата ми беше слободна, и во последен момент противнкот ја стави раката и блокираше“, рече Ѓорѓиев кој призна дека Чешка вечерва била подобра репрезентација.
„Чешка беше подобра дефинитивно, многу добро бевме прочитани, токму тоа и со Љафтов коментиравме дека навистина противникот одигра добро. Треба да го погледнеме натпреварот и да извадиме поуки. Тие одиграа одлична одбрана, и некои невозоможни топки кога ги враќаа нас не’ фрустрираа. Чешка никогаш ја немам победено во кариерата, дефинтивно тој стил не ни одговара. Малку бевме уморни, има доста години првата постава, но ќе земам позитивното, Македонија ја дигнавме во големи висини, во 16 најдобри, каде никогаш не била, и ќе напредува на европската ранг листа“, изјави Ѓоргиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА