Африканскиот Куп му го расипал трансферот во Реал Мадрид

Голманот на мароканската репрезентација и на Ал-Хилал, Јасин Боно, призна дека имал понуда да го чува голот на Реал Мадрид, и дека трансферот на „Сантијаго Бернабе“ му бил приоритет.

Меѓутоа во последен миг Реал се одлучи за Кепа Аризабалага, по што Боно замина во Саудиска Арабија.

„Да, имав понуда од Реал Мадрид, јас бев приоритет на овој клуб. Меѓутоа Африканскиот куп на Нации ги искомплицира работите и трансферот пропадна“, рече Боно.

Реал Мадрид наводно барал од Боно да не игра на Купот на Нации на Африка кој е на почетокот на идната година, нешто кое самиот голман одбил, и затоа трансферот пропаднал. Подоцна Реал Мадрид го донесе Кепа Аризабалага како позајмен од Челси.

Реал бараше голман кој ќе го замени Куртоа, кој поради тешка повреда и кинење на лигаменти ќе паузира до крајот на сезоната.

Се вчитува...