Џон Тери по стапките на Џерард во Саудиска Арабија

Џон Тери е најновото име од англискиот фудбал поврзано со преселба во Саудиска Арабија, откако британските медиуми објавија дека тој веќе добил понуда да ги следи стапките на Стивен Џерард и да преземе клуб во саудиската Супер-лига.

Станува збор за Ал Шабаб, тим што не беше премногу активен во трансфер-лудилото летово, но кој се надева дека со ангажманот на познато фудбалско име за тренер потоа полесно ќе привлече нови засилувања. Разговорите со Тери биле стартувани пред два месеци, за конечно да биде најден заеднички јазик и 42-годишниот Англичанец конечно да ги прифати понудените услови за соработка во наредните две сезони.

Тоа воедно би било и прво самостојно тренерско искуство за легендарниот дефанзивец, кој претходно беше помошен тренер во Астон Вила и во Лестер, а последната година ја мина како консултант во младинската академија на Челси, клубот со кој освои пет титули во Премиер-лигата и еден трофеј во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...