Маџунков: Сите знаеме која е Италија, но ние сепак не одиме со бело знаме во Бари

Одбојкарската репрезентација на Македонија испиша историја откако со две победи на домашен терен (Данска и Црна Гора) за првпат се пласираше во нокаут фазата на едно континентално натпреварување.

„Спартанците“ заминаа за Бари каде против домаќинот и актуелен европски и светски шампион Италија в сабота ќе го одигра осминафиналниот дуел. Филип Маџунков пред мечот со Италија вели дека иако се тие меѓу најдобрите светски репрезентации, тие во Бари нема да отидат со бело знаме.

„Заморени сме по големиот број натпревари во краток период. Оваа пауза и дефинитивно ќе ни дојде добро да ја вратиме енергијата која ја имавме на почетокот на првенството. Одиме во Италија против актуелниот светски шампион, но ние сигурно нема да кренеме бело знаме и ќе играме 100 отсто. Кога е во прашање осминафинале ќе дадеме се од себе против кој и да е противник“, изјави Маџунков.

Натпреварот меѓу Македонија и Италија ќе се игра во сабота со почеток во 18 часот.

Се вчитува...