„Со Јокиќ во тимот Србија не би играла подобра кошарка“

Легендарниот кошаркарски тренер Богдан Тањевиќ ги коментираше игрите на српската репрезентација на Мундобаскетот.

Тањевиќ играта на српската репрезентација ја оцени како идеална и вели дека доколку Никола Јокиќ бил дел од селекцијата на овој Мундобаскет, Србија не би играла поубава кошарка од сега.

„Србија игра исклучително добро, извонреден резултат е постигнат само со квалификациите за Олимписките игри. Не се сеќавам дека од 2007 година кога Србија стана независна држава, репрезентацијата била подобра. Литванија беше поразена многу лесно, а веројатно е најподготвената екипа на Мундобаскетот, одиграа одлично, таа беше непоразена. Мислам дека доколку Никола Јокиќ беше дел од селекцијата на овој шампионат Србија немаше да игра толку добро“, изјави Тањевиќ. 

Србија утре ја чека полуфиналниот натпревар против репрезентацијата на Канада.

Се вчитува...