Баи се прости со Јунајтед: Пријателството и спомените ќе останат засекогаш

Ерик Баи по седум години го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Бешикташ. Искусниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска, кој пристигна на „Олд Трафорд“ во 2016 година од Вилјареал, на Твитер се збогуваше со клубот за кого забележа над 100 настапи во сите натпреварувања.

„Додека го напуштам овој клуб по толку години на неверојатни спомени, извонредни соиграчи и трофеи, сакам да изразам благодарност. Ова поглавје можеби е завршено, но пријателствата и спомените ќе останат во моето срце засекогаш. Навивачите се вистински шампиони. Ви благодарам“, напиша Баи. 

 

Се вчитува...