Модриќ со порака го расплака Рамос (ВИДЕО)

Серхио Рамос се врати во Севилја по речиси десет години. Еден од најтрофејниот фудбалери на денешницата беше пречекан од 22 илјади навивачи кои го наполнија стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“.

Порака до стоперот испрати и неговиот поранешен соиграч Лука Модриќ, порака која го расплака 37-годишниот Шпанец.

„Здраво брате. Сакам да ти честитам за враќањето дома бидејќи знам колку сакаше да дојдеш во Севилја. Многу сум среќен за тебе, ти тоа го заслужуваш. Ти посакувам се најдобро. Ќе се видиме наскоро. Те сакам брате“, кажа Хрватот.

Се вчитува...