Фудбалерот на македонскиот прволигаш АП Брера Кристијан Велиновски официјално направи трансфер во ФК Сумгаит од Азербејџан. Станува збор клуб кој се натпреварува во тамошната Прва лига и по четири првенствени кола има две победи, еден пораз и едно ремии и се наоѓа на 4. позиција на табелата со меч помалку од останатите екипи.
Азербејџанскиот прволигаш кој тежи околу 6 милиони евра, плати обештетување за преминот на Кристијан Велиновски во нивните редови при што се договорени и процентите за евентуалните следни трансфер.
Кристијан Велиновски во АП Брера Струмица дојде на 16 годишна возраст во младинскиот погон. Контуинирано напредуваше со својата игра, а од 2018 премина во сениорскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

