Марио Балотели, прославениот италијански напаѓач и сегашен член на швајцарски Сион, зборуваше за фудбалот, особено за трансферите на многуте играчи во Саудиска Арабија.
Тој без многу влакна на јазикот кажа дека играчот одат таму за пари, и секој оној кој кажува дека не оди поради парите, според него не ја зборува вистината.
„Саудиска Арабија? Одбив понуда од Кина многу повиска од онаа во Саудиска Арабија. Како може некој да каже дека во Саудиска Арабија не оди за пари? Како ако не за пари? Кога би понудиле малку пари, никој не би заминал таму“, рече Балотели.
Тој откри дека нивото на фудбалот во Турција е подобро од она во Италија.
„Гледав неколку натпревари во Серија А и можам да кажам дека нивото на фудбал во Турција е подобро“, изјави тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

