Капитенот на Словенија, Лука Дончиќ тешко го поднесе новиот пораз на Светското првенство против Литванија, со кој Словенците ги загубија шансите да се борат за петтото место. Тие беа поразени со 100-84.
Капитенот Дончиќ не беше воопшто расположен за давање изјави.
„Се обидовме но не одеше. Не знам зошто разочарување, ние сме во првите осум. За мене играњето кошарка е мотивација, особено за репрезентација. Беше тешко да се игра, секој ден играме меч. Исто така беше тешко да се спие после она вчера, но што е тука е“, рече Дончиќ и откри што е проблемот со Словенија.
„Преслаби сме, едноставно. Преслабо играме, никого не тепаме. А нас не тепаат по цел терен. Тоа се гледа“, заклучи Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

