Богдановиќ со нов светски рекорд на Мундобаскетите

Капитенот на Србија, Богдан Богдановиќ со уште една одлична партија ја водеше својата репрезентација до доминантна победа над Канада за пласман на Светското првенство 2023.

Богдановиќ постигна 23 поени во полуфиналето против Канада, притоа запишувајќи и нов рекорд за светската кошарка. Ова беше 24-ти негов натпревар во низа на Мундобаскет, сметајќи ги турнирите во Шпанија од 2015 и Кина 2019, на кој постигнува барем една тројка на меч.

Тоа е најдолга низа која некој кошаркар ја остварил со погодоци од зад линијата 6,25 во последните 30 години, а претставува рекорд на сите светски првенста почнувајќи од она 1950 година во Аргентина па се до денес.

Истовремено, Богдановиќ во полуфиналето стана и играч со најголем број погодени тројки во историјата на Мундобаскетите. Првата која денеска ја постигна беше 69, за да потоа постигне уште една, со што го надмина Хуан Карлос Наваро кој остана на бројката од 68.

Се вчитува...