Тајс: Во финале ќе играат двете најдобри репрезентации во светот

Германскиот репрезентативец Даниел Тајс еше воодушевен по победата над САД и пласманот во финалето на Мундијалот каде ги очекува Србија.

Тајсс беше еден од најзаслужните за ваквиот епилог со 21 поен и 7 скока. Со тоа Германија ја продолжи серијата на непобедливост на овој шампионат, која ќе се обиде да ја зачува во финалето каде ќе се соочи со тимот на Светилав Пешиќ.

Германскиот центар вели дека во финалето ќе играат двете најдобри репрезентации…

„Ќе биде одличен натпревар, во финалето играат двете најдобри селекции на Светското првенство. Се знаеме, тие нè знаат, ние ги знаеме. Пешиќ го познавам уште од времето кога работеше во Германија. Играат силно, слично како нас, се гледа дека меѓу нив владее големо единство. Повторувам, двете најдобри екипи се во финалето“, изјави Тајс. 

Се вчитува...