Адеми: Ќе дадам се од себе за нови победи на Динамо

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб. По кратката авантура во кинескиот Пекинг Гуонам искусниот играч од средниот ред се враќа на добро познатото место каде настапуваше 13 години.

Адеми не го криеше задоволството од камбекот на „Максимир“ изјавувајќи дека ќе продолжи да настапува за клубот како и во минатото – со максимална посветеност.

„Од моја перспектива враќањето во Динамо никогаш не беше доведено во прашање. Не очекував дека ќе се случи толку брзо, но ете работите се посложија. Во Кина постојано ги следев натпреварите и ја читав секоја вест поврзана за саканиот клуб, така да пресреќен сум од епилогот.

Во целиот процес голема улога имаше клупската управа и спортскиот сектор бидејќи зборејќи со нив почувствував колку ме посакуваат назад и колку тоа им значи во овој преоден рок. Заслугите одат и во соблекувалната со која постојано останав во контакт, но и кон тренерот Јакировиќ кој инсистираше на моето враќање и лично се инволвираше во целиот процес.

Можам да кажам дека сум исклучително среќен сум повторно сум во овој клуб, на омилениот стадион, а на навивачите им ветувам дека ќе продолжам каде што застанав пред неколку месеци – дека ќе дадам се од себе, ќе „умрам“ за овој клуб и ќе се обидам да крунисам се со победи“, изјави Адеми.

Се вчитува...