Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година има предност од 0-1 на гостувањето против Шведска во Јончепинг во првиот свој натпревари од квалификациите за ЕП 2025.
Избраниците на Драган Канатларовски мудро го почнаа мечот, со предност по првите 15 минути игра, благодарение на погодокот на Иван Николов.
Фудбалерот на дански Сондјериске одлично се снајде во 7. минута пред голот на Швеѓаните искористувајќи една нивна грешка за водство од 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА