Пријателскиот натпревар меѓу Силекс и Тетекс не го дочека својот крај, откако тетовскиот клуб не сакаше да излезе на теренот во второто полувреме, како што велат поради судијата Крумислав Ѓоргиев.
Силекс на полувреме имаше предност од 2-0, а тетовци поради една одлука на судијата одлучија да не го продолжат натпреварот.
„Денешниот пријателски натпревар помеѓу екипите на Силекс и Тетекс не го дочека својот крај и е прекинат на полувреме при резултат од 2-0 за домашната екипа. Би сакале да ја информираме пошироката спортска јавност за причините за ваквиот потег. Првото полувреме мина во одлична игра на двете екипи, домашните заслужено имаа водство од 1-0, но натпреварот го расипа главниот судија Крумислав Ѓоргиев од Штип, кој најпрво непотребно го продолжи првото полувреме за четири минути, а потоа во третата минута од судиското продолжение на времето досуди непостоечки пенал за Силекс. Незадоволни од судењето ја повлековме екипата и не го доигравме натпреварот“, стои во соопштението на ФК Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА