Репрезентативецот на Франција, Оливие Жиру кој е значаен и во нападот на италијанскиот гигант Милан беше дел од стартната постава на натпреварот против Република Ирска во квалификациите за ЕВРО 2024, но го напушти теренот по само 25 минути поради повреда.
И покрај тоа што се чинеше дека повредата не е наивна, деталните лекарски прегледи утврдија дека станува збор за само помала повреда на скочниот зглоб која нема да го оддалечи од терените подолго време, но ќе му го одземе местото во редовите на „триколорите“ за пријателскиот натпревар против Германија.
Тоа се добри вести за навивачите на Милан со оглед на тоа што „росонерите“ веднаш по репрезентативната пауза ги очекуваат два важни натпревари – градското дерби против Интер во Серија А, а потоа и првиот натпревар во Лигата на Шампионите против Њукасл Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

