Алкалоид со убедлив триумф над Скопје го отвори новиот ракометен шампионат

Со убедливиот триумф на Алкалоид на домашен терен над Скопје 2020 од 40-21 стартуваше новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.

Актуелниот вицешампион на Македонија со брзи три гола и предност од 3-0 го стартуваше мечот. Тимот на Скопје одигра добро во првите петнаесет минути од мечот и успеваше да остане на само три негатива против големиот фаворит (10-7). Сепак, тука некаде стартуваше големата серија на избраниците на Кирил Лазаров кои до крајот на првиот дел успеаја да стигнат до огромни дванаесет плус (23-11).

Во второто полувреме ракометарите на Алкалоид само рутински ја довршија работата за конечни 40-21 и прв триумф сезонава во домашниот шампионат. Арно Бинго со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените ист број погодоци постигна Леонид Киселовски.

Се вчитува...