Голманот Марко Алчевски и дефинитивно е херојот на Македонија во победата од 0-1 на гостувањето против Шведска во Јончепинг на стартот од квалификациите на младата репрезентација за пласман на ЕП 2025.
По водството во првото полувреме стекнато уште од 7. минута со голот на Иван Николов, голманот на АП Брера беше извонреден во второто полувреме на голот на националниот тим.
Алчевски одбрани неколку извонредни шанси на домашните во вториот дел. Интервенираше и кога многумина веќе ја гледаа топката во мрежата од неговиот гол, беше и тоа како сигурен, а откако мечот од страна на главниот судија беше продолжен цели 10 минути, во 100. минута од средбата Марко одбрани една 100% шанса на Швеѓаните со неверојатен рефлекс бранејќи го обидот од само неколку метри. Сето тоа на крај за огромна еуфорија во македонскиот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА