Шпанците имаат нов „бисер“: Јамал испиша историја со „црвената фурија“

Ламине Јамал беше стартер на неколку натпревари на Барселона сезонава, доволна препорака за шпанскиот селектор да го повика новиот каталонски суперталент и во А-селекцијата на „црвената фурија“. А тој максимално ја оправда довербата, постигнувајќи и гол на дебито за националниот тим, во триумфот на гостувањето против Грузија.

Јамал стана најмлад дебитант во шпанскиот национален состав, првиот меч играјќи го на 16 години и 57 дена, што е за повеќе од една година помлад од досегашниот рекордер Гави (дебитираше на 17 години и 62 дена за Шпанија).

Воедно, тој стана и најмлад стрелец во историјаата на „црвената фурија“, откако стрелаше прецизно во 74. минута за предност од 1-7 во Тбилиси.

Погодокот на Јамал можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...