МЗТ Скопје поразен и на вториот тест-меч

По поразот од 87-67 на гостување кај Арис во првиот пријателски натпревар во пресрет новата сезона, кошаркарите на МЗТ Скопје денеска со пораз и на вториот контролен натпревар во претсезоната.

„Металците“ во вториот пријателски натпревар во пресрет на нова сезона загубија и од косовскиот тим Пеја, на домашен терен, со 94-109.

Следната проверка за МЗТ Скопје ќе биде во четврток (14. септеври) и тоа против екипата на Гостивар, повторно на домашен терен.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КК ПЕЈА (КОСОВО) 94-109 (25-24, 23-24, 27-38, 19-23)
МЗТ СКОПЈЕ: Крстевски 2, Танасковиќ 11, Ворку 10, Андоноски 11, Петков 6, Робев 6, Расел 16, Баковиќ 17 (5 тројки), Миловановиќ, Д. Стојановски 5, В. Стојановски 10.

Се вчитува...