Ван Дајк со нова суспензија и 100.000 фунти парична казна

Вирџил ван Дајк е казнет со суспензија од дополнителен еден натпревар и парична казна од 100.000 фунти поради навредите што ги упати кон судиите по црвениот картон заработен на гостувањето против Њукасл.

Тоа беше прво исклучување во кариерата на холандскиот дефанзивец кој беше видно изнервиран, влегувајќи во конфликт со главниот, а потоа и со четвртиот судија крај аут-линијата. Ваквото однесување беше наведено во записникот, па иако Ван Дајк ја одлежа автоматската суспензија за црвениот картон против Астон Вила, тој нема да може да настапи ниту на наредниот дуел со Вулверхемптон веднаш по репрезентативната пауза.

Ван Дајк се јави со официјална изјава веднаш по изречената казна, целосно прифаќајќи ја санкцијата и наведувајќи дека веднаш по натпреварот им се извинил на судиите за своето однесување.

Се вчитува...